Денеска покрај денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј се одбележува и денот на просветните работници.
,,Со учењето на првата буква, сите ние, како и најмладите во прво одделение почнуваме да ја изразуваме почитта и благодарноста до светите браќа Кирил и Методиј“, изјави за Телма Елена Јованова Груевска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Македонија.
Според неа добро е што почитта кон просветителите ја изразуваме во Рим, но исто така е позитивно и што скопскиот Универзитет го прославува целиот месец мај во чест на своите патрони чие име и го носи најголемиот Универзитет во Македонија.