Вести Македонија Топ вести

Долги редици на граничните премини го навестуваат почетокот на летната сезона

Синоќа и рано утрово граничниот премин Богородица беше преплавен од туристи кои за продолжениот викенд се упатија кон Грција.  За излез од земјата се чекаше и повеќе од еден час, но кон пладне колоните се намалија и сега пртокот на граничниот премин е помал.

Гужви имаше и на Дојран, но тој премин иако е помал,  не се создаде таков застој. Покрај со транзитни посетители, Дојран е полн и со гости кои ќе го користат убавото време за кус одмор.

Од граничниот премин Богородица велат дека се подготвени за истиот бран и во недела попладне, но и дека следните месеци се очекува вака да биде секој викенд, со оглед дека ќе почнат и годишните одмори.

Сузана Мицева

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе