Вести Македонија Најважни

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Денешниот датум 24 мај претставува еден од најважните денови за македонскиот народ. Празникот кој се одбележува денеска е во чест на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, кои преку Моравска мисија успеале да ја основаат глаголицата, првата форма на писмото кирилица. Тие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развиот на сите словенски народи. Покрај нивната макотрпна посветеност во описменување на словенскиот народ, Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Одбележување на празникот е проследено со низа настани од страна на државните функционери, со цел да се оддаде почит на браќата Свети Кирил и Методиј.

Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник, со посета на државна и црковна делегација од Македонија, која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата ,,Св.Климент Охридски”.

Оваа година државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оддаде почит и се поклони на гробот на Свети Кирил, а потоа имаше и аудиенција кај папата Франциск.

Една од најзначајните дејности на светите Кирил и Методиј е мисионерството, за кое уживале голема почит. Во три важни мисии ја проповедале христијанската вера: Арапската, Хазарската, пред да ја извршат епохалната мисија во Моравија.

Најважната историска мисија на солунските браќа претставува Моравската мисија. Сржта на просветителската мисија на Кирил и Методиј е во просветителскиот континуирано работење, кое претставува олицетворение во делата на големите  просветителски дејци – свети Климент и свети Наум.  Доследната приврзаност кон кирило-методиевското наследство е суштинската одлика на познатиот Охридски книжевен центар и школа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Агнелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе