Вести Македонија Топ вести

Корубин: Вината за изборниот пораз на СДСМ дефинитивно не може да се лоцира само во ликот на Димитар Ковачевски

По изборната хаварија СДСМ ќе оди на идеолошки и кадровски ремонт.

Дали апсолутната власт на ВМРО ДПМНЕ е шанса или хендикеп левиот политички спектар побрзо да ја консолидира алтернативата и да понуди баланс во општествената дебата за јавните политики

  • Зависи дали оваа приказна се однесува само на СДСМ или се однесува на импактот што го има на  целата држава. А бидејќи овој изборен резултат се однесува на целото општество не само како промена на власт, туку патот по кој требаше да одат, а не одеа, тоа беше евроинтегративниот процес, мислам дека оваа приказна е недоволно експонирана, во смисла на тоа да не ја сведеме на тоа кој е виновен дали дал на време Ковачевски оставка или не, јас мислам дека е добро што не даде дента Ковачевски оставка, мислам дека ни сега не требаше да даде до самиот избор, единствено ако ова не е некоја техничка „игра“ за активирање на тие внатрепартиски избори. Вината дефинитивно не може да се лоцира само во ликот на Димитар Ковачевски без разлика на тоа на кој начин е тој дојден, ова е само логична завршница на една приказна до 2019, 2014 и барањето на Зоран Заев за предвремени избори. Реакциите кои што доаѓаат од внатре од партијата мене ми личат на откривање на тоа кој се е виновен за поразот на СДСМ. Односно како самите да си се експонираат со сопственото соучесништво во однос на тоа кој се е виновен за тоа што партијата е доведена до овој статус и воопшто нивното функционирање во општеството, истакна во вечерашната емисија ВИН ВИН, Никица Корубин, поранешна пратеничка.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе