Вести Македонија Топ вести

Тешко повредена велешанка, ја удрил со „Фолксваген кеди“

Седумдесет и петгодишна велешанка е тешко повредена, откако била удрена од „фолскваген кеди“.

„Вчера околу 17:05 часот, во СВР Велес, било пријавено дека на ул. „Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К. (47) од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот М.Е. (75) од Велес. Во несреќата М.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе