Кошарка Спорт

Бостон со победа против Индијана го отвори финалето на Истокот

Бостон славеше со 133-128 по едно продолжение против Индијана за водство од 1-0 во финалната плеј-оф серија на Источната конференција.

Џејлен Браун погоди тројка на шест секунди до крајот за да изнуди екстра време. Во дополнителните пет минути домашните стигнаа до важна прва победа на домашен паркет.

Џејсон Тејтум имаше 36 поени и 12 скока во победничкиот состав, Џру Холидеј Реализираше 28, додека Браун го заврши натпреварот со 26 поени.

Кај Индијана, Тајрис Халибартон имаше 25 поени и 10 асистенции, Паскал Сијакам реализираше 24 поени со 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 23 поени и 10 скока.

Бостон е домаќин и на вториот натпревар, што се игра во петок во два часот по полноќ. Финалната серија во Западната конференција започнува утринава во 2:30 часот по полноќ во која Минесота го пречекува Далас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Заврши првиот мундијалски круг во Скопје, почнува битката за пласман

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Триумф против Ангола за пласман на Македонија во главната рунда на СП

Дејан Дејан

Холандија и Франција први играа натпревар без голови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе