Вести Македонија Најважни

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Полицијата го сомничи, судски совет треба да даде зелено светло дали ќе му биде симнат имунитетот на врховниот суд Наќе Георгиев за кого има пријава дека зел мито. Крим полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево постапиле по пријава и го привеле во полициска станица во Кисела Вода во Скопје.

Според информациите на Телма, судијата е опфатен во истрага поради сомнеж за барање мито и за поткуп. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет. За имунитетот на судиите е задолжен Судски совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Бидејќи станува за збор за рана фаза од истрагата, на потег е МВР дали ќе поднесе кривична пријава, а јавното обвинителство ќе го преземе предметот.

„Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Примање награда за против законито влијание”. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, информираат од МВР.

Од обвинителството за Телма кратко одговорија дека немаат информации, со оглед дека предметот сè уште е во МВР, а повеќе инфoрмaции најавија за утрешниот ден.

Сомнежот е дека судијата Георгиев ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана. Уапсениот судија доспеа во јавноста во јули минатата година кога на седницата на Судскиот совет се бираше неговиот син за судија, кривичар во Скопје 1, Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет. Синот Кирил Георгиев беше еден од 25-мина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе