Вести Македонија Најважни

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Полициски извори за Телма потврдија дека денеска со истрага бил опфатен врховен судија поради сомнеж за барање мито и за поткуп.

Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет.

За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г. Од обвинителството за Телма кратко одговорија дека немаат информации. Истрагата за случајот ја спроведува МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невладините со апел – Државата да ги зголеми инвестициите во здравствена превенција и заштита на жените, децата и ранливите групи

Дејан Дејан

Остар пад на акциите на азиските берзи

Дејан Дејан

Средба Нетанјаху-Трамп главна тема – новите царини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе