Вести Македонија

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Денеска започна агендата на одбележување на 75 години од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на денот во Ректоратот на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” ќе се доделат наградите за највисок постигнат успех на студенти на ниво на факултет, а ќе биде доделена и наградата ,,26 Јули” од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година. Агендата за одбележување ќе биде во времетраење од три дена, а Патрониот ден на Универзитетот ќе се одбележи на 23 мај со положување на свежо цвеќе на платото на УКИМ.

Во утринската програма  на Утринска на Телма, гостуваа претставници на Универзитетското студентско собрание, претседателот Александар Николовски и потпретседателот Александар Ристоски, кои ја опишаа досегашната работа на моменталниот состав на собранието, но и потенцираа за досегашната соработка со Властите.

,,Како Универзитетско студентско собрание имавме околу 50-тина настани за да го подобриме студентскиот стандард, карирните можности за студентите и реновирање на студентските домови” изјави Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание.

Тие додадоа дека Властите треба да ги слушаат барањата на студентите, а потенцираа дека нема потреба да се отвораат нови факултети, ако старите не можат да ги реформираат. На младите им се потребни услови за да можат да ја визуелизираат нивната иднина тука, во спротива принудени ќе бидат да се иселат со останатите млади.

Александар Ристоски, потпретседателот на УСС, смета дека градењето на студенското достоинство е сеуште на почеток, ,,Враќањето започна да се чувствува, од толку многу притисоци, пристапивме кон почетна комуникација со Властите за законите за студенти.”

Интензивните протести на студентите за Студентскиот оброк и зградата на ФИНКИ, се само дел од активностите досега, а идните се смета дека ќе ја опфатат дигитализацијата на Универзитетот.

Сепак како главна црта е потпишувањето на ,,Студентскиот манифест”, кој ја започна новата ера на правата на студентите во Македонија, а се смета дека со него ќе се зајакне позицијата на секој студент, а целта е да се слушне неговиот глас во сите институции во државата, а најмногу кај Власта.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе