Далас славеше тесна победа од 117-116 против Оклахома и со 4-2 во триумфи се пласираше во финалето на Западната конференција во рамки на НБА-лигата. Маверикс се вратија од негатива од 17 поени во третиот период за да слават и да стигнат до второто конференциско финале во последните три години.
Лука Дончиќ имаше 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, па го запиша четвртиот трипл-дабл во плеј-офот оваа сезона. Кајри Ирвинг и Дерик Џоунс Џуниор помогнаа со по 22 поени, додека кај Тандер најмногу се истакна Шеи Гилџеус Александер со 36 поени.
Далас во конференциското финале ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Денвер и Минесота, кои вечерва во два часот по полноќ го играат решавачкиот седми натпревар.