Вести Македонија Најважни

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Арбен Таравари, Arben Taravari

Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во идната Влада сѐ уште е рано да се каже бидејќи разговорите течат и се очекува да финишираат до крајот на идната недела а позицијата спикер во Собранието е на листата на барања, потврдија од Коалицијата за телевизија Телма.

Информацијата дека Коалицијата „Вреди“ ќе раководи со шест министерства не е точна и се уште е рано да се прецизира било што, вели еден од лидерите во Коалицијата – Арбен Таравари

Преговорите на работните групи течат интензивно, се финишира заедничката програма а дополнително ќе се разговара за кадровските решенија. Договор околу барањето за спикерското столче во Собранието засега нема, вели Таравари.

ВМРО-ДПМНЕ денес без официјален став или информација околу текот на преговорите и евентуалната поделба на ресори. Преговорите според претставниците на партијата се во добра насока.

Кога станува збор за отворањето на Уставот, Коалицијата „Вреди“ останува на рокот од шесте месеци, но како што кажа еден од лидерите во коалицијата Изет Меџити, треба да се има трпение и разбирање по ова прашање поради чувствителноста кај мнозинството од населението – Македонците.

ВМРО-ДПМНЕ  пак цврсто на ставот дека под овие услови нема да го отвори уставот а кога ќе се отвори би имало две можни првата е да има одложено дејство со влегувањето во ЕУ додека втората е комбинација на пакет гаранции и прифаќање на пресудите на судот во Стразбур.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе