Вести Македонија Топ вести

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска е нападната во трговски центар во Скопје. Насилникот прво викал и и се дерел на Кацарска, а потоа и се приближил до масата покрај која седела со уште една жена.

Кога обезбедувањето проценило дека постои ризик за директен физички напад веднаш го отстраниле насилниот маж и повикале полиција која го привела во станица.

Од прес службата потврдија дека и овој напад е пријавен на надлежните органи.

Во станица како сведоци биле повикани и нападнатата претседателка на Уставниот суд и нејзината придружба.

Ова не е прва закана за Кацарска која пријави случај во средата, но е прв обид за физичка напад врз неа.

Од полицијата потврдија дека насилник од Богданци е приведен и ќе одговара за загрозување на сигурноста:

-Денеска (18.05.2024), полициски службеници од Полициската станица Центар во 14.00 часот го лишиле од слобода В.П.Г.(57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје, Со зборовите “ќе одговараш, страшно ќе одговараш” Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, одговорија од МВР на прашање на Телма.

Импровизиран кревет и кујнски нож во подземна гаража во Центар – закана кон претседателката на Уставен, Кацарска, случајот пријавен во МВР

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе