Вести Македонија Топ вести

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Нема да има поместувања на европскиот пат на Македонија, доколку нема почитување на Договорот од Преспа.

Ова е последното од низата предупредувања кои деновиве ги испрати лично грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, до идните власти во земјава, откако новата претседателка Гордана Силјановска Давкова избегна да изговори Република Северна Македонија за време на нејзината инаугурација, но и по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстијан Мицкоски, дека и тој нема да го користи името Северна Македонија.

Мицотакис во интервју за грчкиот националниот сервис ЕРТ, изјави дека тие ги следат изјавите на идниот премиер, но ќе ја почекаат официјалната позиција на новата влада во земјава, иако, како што вели првичните примери се екстремно негативни.

Во основата на договорот од Преспа беше концептот на именувањето. Кога велиме ерга омнес за името Северна Македонија, тоа треба да важи за сите, односно да се користи и за внатре и за надвор од државата. Сакам да потсетам дека ние не гласавме за договорот од Преспа, бидејќи изразивме силна резерва за тоа што со овој договор се гарантира македонскиот етникум и македонскиот јазик. Тоа беше главната причина што не гласавме за Договорот. Сепак, по прашањето за името има јасно повлекување и сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака до новата влада, отсега да ја смени линијата, изјави Мицотакис во интервју за ЕРТ.

Грчкиот премиер притоа наведе дека тие долго време следеле што се случува во Македонија.

Го слушавме тоа националистичко лудило на ВМРО. Знаевме дека ВМРО ќе победи на изборите и сакавме да задржиме некое вистинско преговарачко оружје во случај работите да не се одвиваат како што некои очекуваа, изјави Мицотакис.

Според него доколку продолжи негирањето на Договорот од Преспа, Грција со сигурност нема да ги ратификува трите меморандуми потпишани со Македонија, кои произлегуваат од Договорот, за што вели дека е целосно оправдан потег од страна на Грција. Тој како втора мерка на санкција го наведе евроспкиот пат на земјава.

Втората работа што ќе ја направиме, а која веќе ја направивме: Апсолутно ќе ставиме до знаење дека никаков напредок, во овој долг марш на Скопје кон Европа, не може да се постигне доколку нема апсолутно почитување на Договорот од Преспа по прашањето за името, рече Мицотакис.

Мицотакис притоа е дециден дека доколку не се користи исклучиво името Северна Македонија и за домашна и за меѓунадорна употреба, Македонија ќе создаде проблем не само во односите со Грција, туку и во односите на ЕУ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе