Вести Македонија Топ вести

Истрага против аналитичарка вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Аналитичарка вработена во СВР Скопје се сомничи дека примала поткуп за посредување при добивање социјални стабови. МВР информира дека вработената е уапсена вчера, откако е фатена во моментот на примање околу 12 илјади евра, кои претходно биле обележани. Парите биле наменети за да посредува при добивање социјални станови од Б категорија. Вработената во МВР ја пријавиле три лица, а против неа ќе се покрене кривично дело измама по член 247 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје веќе донело наредба за спроведување истражна постапка против 41 годишната аналитичарка, која на трите оштетени лица им се претставила како началник во полициската станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови. Таа на трите невработени лица им ветувала дека ќе добијат социјални станови во Лисиче по цена што е пониска од реалната. Им барала да и се исплатат 12 илјади вера по стан и 3 илјади евра за посредување и изготвување документација. Измамата траела цела година, почнувајќи од април лани, а лицата во повеќе наврати и давале пари, при што псоледно било вчера кога е пријавена.

Полицијата вчера напари претрес на службените простории што ги користела пријавената. Пронашла  обемна сомнителна документација поврзана со кривичното дело. Станува збор за разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови. Пронајден е и тефтер со ракопис каде најверојатно е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.

Направен е претрес во домот и други простории кои ги користи пријавената, кои се наоѓаат во Општина Сарај. Пронајдено е огнено оружје со шест парчиња муниција кои најверојатно ги поседува без дозвола, за што е известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје, кое треба понатаму д апроверува и постапува.

Јавниот обвинител поднел предлог  за определување мерки за претазливост-забрана за напуштање на живеалиштето, повремено пријавување во судот и одземање на пасош.

Во меѓувреме МВР информира дека ќе се испитува дали приведената соработувала со други службеници на високи позиции во полицијата.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе