Вести Македонија Најважни

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

По најавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, дека коалицијата „Твоја Македонија„ обезбедила мнозинство од 61 пратеник, но не ги откри имињата на тројцата кои ќе се приклучат кон победничкиот табор, се разгореа шпекулациите во јавноста за тоа, за кого се работи.

Пратениците од НСДП, Горан Мисовски и Соња Мираковска, негираат дека ќе преминат на спротивната страна.

Не сакаа да дадат изјава, но телефонски ни потврдија дека во Собранието ќе делуваат опозициски. Како и на кој начин, ќе одлучат партиските органи по конститутивната седница.

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, пак, не сака да коментира шпекулации.

Вели дека, партијата во моментот е насочена кон тоа што се случува во петтата изборна единица, каде коалицијата за Европска иднина има големи шанси да добие пратеник.

Станува збор за пратеникот Боби Мојсоски за чиј мандат треба да се освојат 110 гласови повеќе од изборите кога мандатот му припадна на Исмаил Јахоски од ДУИ.

Пратеникот Сали Мурат од Движењето на Турците во Македонија за правда и демократија, исто така тврди дека останува во коалицијата „Европски фронт„, предводена од ДУИ, без разлика дали тие ќе останат во опозиција.

Трансфер негира и пратеникот Бејџан Иљаз од Демократската партија на Турците.

Меѓувреме, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ вчера ја одржаа првата средба за состав на новата влада… И од двете страни средбата ја оценија како позитивна и конструктивна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе