Вести Македонија Најважни Топ вести

Мицкоски: Имаме 61 пратеник, успешни разговори со неколку пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“

Имаме консолидирано 61 пратеник и продолжуваме со разговорите со потенцијалните идни коалициски партнери, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски при обраќањето на 13-от Самит „Македонија 2025“ што вчера и денеска се оджуваше во хотел „Мериот“ во Скопје.

„Па да, можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник“, кажа Мицкоски. 

Тој не сакаше да открива детали за кои најави оти ќе бидат познати многу скоро.

„Состојбата е чувствителна, но она што можам да кажам е дека како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција и очекуваме одлука на управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6 можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди“, истакна Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе