Вести Македонија Топ вести

Физички постоев, но 18 години бев невидлив за системот- Валентин за проблемите што го имал како лице без матичен број и државјанство

Физички постоев, но за државата бев невидлив. Со овие зборови Валентин Ракип започна да го раскажува својот живот како лице фантом. Тој е роден во домашни услови, татко му починал пред да го признае татковството, а мајка му го напуштила.

Валентин е роден во 2002 година и речиси две децении се чувствувал како странец во сопствената татковина. Долги години водел битка со институциите и на крајот на осумнаесет годишна возраст ја победил битката, добил извод со матичен број и државјанство. Сега зборува со насмевка на лицето знаејќи дека ќе има пристап до здравствена заштита, до образование, и вработување.

„Сега сум видлив за системот. Некои права претходно ми беа ускратени, но сега ги имам“, вели Валентин Ракип.

Валентин не е единствениот фантом. До пред две години во Македонија живееле повеќе од седумстотини лица кои биле правно невидливи, а денеска таа бројка е намалена на помалку од двеста.

По смртта на Мемет Камбер, Собранието ги изгласа законските измени со кои секое дете родено на територијата на државата ќе има право на упис во матичната книга на родени, независно од државјанството и личниот статус на родителот.

„Системското решение значеше измена на закони. Беше изменет не само законот за водење на матични книги туку и други закони кои представуваа проблем или несусогласености, а сега ги нема тие проблеми“, вели Љубица Брашнарска од УНХЦР. 

„Потребна е сериозна кампања која ќе ја запре невидливоста во државата, до крајот на годината. Затоа сме ние тука да работиме со државата, со парламентот и други надлежни институции, да се осигураме дека научените лекции од ситуацијата со Мемед“, изјави Габриел Гуалано де Годој од УНИЦЕФ.

Според кампањата „Јас припаѓам“ на УНХЦР предвидено е да има нула лица без државјанство до крајот на годината.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе