Вести Македонија Топ вести

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако вчера претседателката Гордана Силјановска Давкова не го употреби целосното име на државата кога ја даваше заклетвата за претседател на државата.

„Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност“, напиша на Фејбук, Ивон Величковски, лидер на Либералната партија.

Тој истакана дека политичарот знае зошто така постапил и заклучува дека тоа е направено за провокација кон Грција и ЕУ, но штетно кон позицијата на сопствената нација, народ и држава.

Професорката и поранешна пратеничка Каролина Ристова Астеруд, на Фејсбук и честиташе на Гордана Силјановска Давкова со зборовите: „Прекрасен ден за македонската (женска) политичка историја! Да ни биде успешна Претседателката, за успехот на Македонија!“.

Прашана во коментари за тоа што мисли за тоа што претседателката Давкова не го изговори името Северна Македонија, туку само Македонија, Астеруд го напиша следниот одговор.

„Да бев јас на нејзино место, јас ќе го изговорев како што е, и како е потпишано во писмената изјава, тоа што е со правно-декларативна консеквентност. Не треба да се заборави дека заклетвата од правен аспект е декларативен чин, но сепак постои и се практикува како правна и политичка традиција, заради нејзината морална суштина и симболика, секако, наспрема граѓанството, но најмногу како внатрешен морален чин на индивидуата која ја дава заклетвата“, напиша Астеруд.

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе