Вести Македонија Топ вести

Продолжува намалувањето на бројот на првачиња во Брегалничкиот регион

Продолжува намалувањето на бројот на првачиња во Брегалничкиот регион. Во Штип годинава се очекува да се запишат 21 првачи помалку согласно бројките кои опшштината ги има добиено од Секторот за внатрешни работи. Бројката од 559 правчиња дека ќе седнат во училишните клупи на 1 септември е нереална и е само на хартија, бидејќи какошто велат од Општина Штип пракасата покажува дека на стартот на учебната година бројот на првачиња е помал.

Проблем и понатаму останува почитувањето на реонизацијата, која налага родителите да ги запишат своите деца во најблиското училиште, според адресата на живеење. Токму поради непочитување на реонизацијата две училишта во Штип и Битола беа обвинети и за сегрегација.

Изминатите години во источниот регион се затворија и неколку подрачни училишта во руралните средини, причината е што младото население се исели во поголемите градови или во Италија, Швајцарија, Словенија и Скандинавските земји.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе