Вести Македонија Топ вести

Тревата пред Влада бара одговорност

Косење на тревата веднаш побара техничкиот премиер Талат Џафери – градоначалничката Арсовска му порача сам да си го уреди сопствениот дом. Џафери освен првиот човек го повика и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кое е под капата на Град Скопје да го среди дворот на зградата.

Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос, не е ни очекувано да знае што е негова обврска обвини Арсовска.

ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија, изјави градоначалничката на Скопје. 

Израснатата трева од половина метар во дворот и околината на Владата денеска предизвика расправии помеѓу техничкиот премиер Талат Џафери и градоначалничката Данела Арсовска. Дворот на Владата и нејзиното поблиско опкружување подолг период е обраснат со трева.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе