Вести Македонија

Штип одбележува годишнина од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Штип денеска одбележа 23 години од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров, кои животите ги загубија кај село Ваксинце, во воениот конфликт во 2001 година.  Се уште се свежи сеќавањата, болка која не се заборава, вели Васе Јовевски од Здружението на граѓани „Влатко Петров“.

Влатко Петров и Димитар Двојаковски, биле дел од групата составена од седум војници кои со транспортер се враќале од терен. Иако имало барикади кај Ваксинце, добиле наредба да продолжат.  Седумината војници влегувајќи во селото, биле веќе  во заседа од УЧК и  нападнати од сите страни.

Димитар Двојаковски е роден на 22 април 1972 во Нова Горица, а Влатко Петров 23 јули 1977, во штипското село Чардаклија. Семејството на Петров се подготвуваше за неговата свадба, а Двојаковски зад себе остави едногодишен син.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе