Вести Македонија

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Денеска е Велики петок, најтажниот ден во годината, кога христијаните се сеќаваат на страдањето на Исус Христос, неговото распнување и смртта за спасение на светот. Секоја забава, песни и музика според црквата се строго забранети. На овој ден постот е строг, не треба да се јаде и пие вода, тоа важи за сите освен за повозрасните луѓе. На Велики петок не се служи Света Литургија се вршат Царските часови. Свештените лица ги повикуваат граѓаните да го посетат најблискиот храм.

„На овој ден црквата ги потсетува своите верници да земат учество онака како што земаме учество во страдањата, да земеме учество и во неговото погребение за да бидеме учесници во неговото воскресение“, вели Отец Горан Стојчевски.

Соборниот храм изутринава беше преполн со верници кои се молеа и палеа свеќи за здравје. Како и за останатите празници, така и Велики петок е проследен со голем број обичаи кои се вкоренети кај народот.

„Првите јајца секогаш црквата проповеда да се фарбаат наутро пред изгрејсонце среда кон четврток затоа што тогаш е предаден Исус Христос од страна на апостолот Јуда“, вели една граѓанка.

-Денеска е голем ден за сите нас што знаеме дека Исус Христос умре за нас и за сите наши гревови. Сега ние можеме само да кажеме „Слава на Бога“, вели жителка.

Според традицијата на Велики петок никој не треба да работи ниту дома ниту на полињата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе