Вести Македонија Најважни

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Сите осуденици од висок ризик се повлечени од Затворот во Прилеп откако затворскта полиција во средата се закани дека ниту еден полицаец нема да се појави на работното место и установата ќе остане без чувари.

Смената од десетина полицајци завчера немаше кој да ја замени затоа што 37 вработени отворија боледување или пак зедоа годишен одмор, откако не им беше исплнето барањето од протестот пред 10 дена  да се повлечат осудениците донесени од затворот во Идризово, со образложение дека во Прилеп нема услови казната да ја издржуваат ризични осуденици.

Петокот донесевме одлука доколку не бидат повлечени затворниците и не се исполнат нашите барања, колегите ќе најдат начин, дали со боледување или со годишен одмор, нема да се појават на работа. Така и се случи. Почековме до 14 часот средата. Денската смена а во КПД Прилеп остана на работа и ноќна смена, по што колегите беа повикани да се вратат на работа, а ситуацијата ќе биде решена. Беа повлечени осудениците со висок ризик, рече Сашо Гулевски, претседател на Независниот синдикат  на заворска полиција во Затвор Прилеп.

Директорот Александар Дамески пак поради проблемот кој настана во Затворот во Прилеп, поднел оставка во понеделникот, но, денеска не одговори на повиците на Телма дали е прифатена неговата оставка, а немаат информација ниту вработените.

Ние дадовме рок до среда, а директорот даде рок Министерство да го реши проблемот до понеделник. Рече доколку не се реши стаусот на колегите во прилеп и не се реши проблемот јас давам неотповиклива оставка. Но оттгаш не се имаме видено за да прецизираме дали е во оствака или не, вели Гулески.

Вработените во Прилепскиот затвор на 23 април излегоа на протест за да го искажат својот револт поради крајно тешките услови за работа, недостиг на затворска полиција и влошена безбедносна состојба откако во ова установа беа  префрлени десетина затвореници од висок ризик од затворот Идризово.

Во Затворот во Прилеп има 54 вработени затворски полицајци, а според стандардите, треба да се двојно повеќе. 70 проценти од нив не се соодветно опремени, иако често се соочуваат со инциденти и тепачки меѓу 125-те  затвореници.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе