Вести Економија Македонија

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Агенцијата за супервизија на осигурување во дописот до медумите, со охрабрување до Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Тие уште еднаш го повторија својот став дека одлуката за поскапување на задолжителната полиса при регистрација на возилата во висина од 15,4% е целосно неоправдан и потег без основа. Според АСО, која е регулатор на пазарот на осигурување, зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.

Во дописот до медиумите стои и дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето до надлежната комисија при Министерството за финансии, доставила анализа во која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе