Скопјенец претпразнично е повреден откако одејќи низ Центар паднал во шахта која била отворена. Бил однесен во болница, извести МВР во својот билтен:
На 30.04.2024 во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.