Вести Македонија Топ вести

Уапсен, па пуштен на слобода бегалецот Горан Грујевски алијас Неџби Хасан

Екс началникот на Петата управа во УБК и бегалец, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода. Хрватското МВР и Интерпол доставило информација до МВР вчера за приведувањето како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

Според извори на Телма одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујовски му бил одобрен азил во Грција.

Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, во јуни 2017 година побегнаа од Македонија во Грција откако беа обвинети  во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

Грујевски и Бошковски, беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе