Вести Македонија

Тајни служби, лажни анкети, претседател на ДИК- црна кампања со обвинувања за наместени анкети и фалсификувани документи

Нови опозициски обвинувања на адреса на актуелниот претседател и претседатслки кандидат Пендаровски, разузнавачот Муслиу и генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тројцата развиле шема за фалсификување документи и лажни вести во изборни цели. Според опозицијата, дел од во мрежата е Асаф Есеин од израелската група на Тал Ханан за кого се водат истраги за фалсификати. И внмешаност во избори во светот.

– Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат. Ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од изборниот штаб на Пендаровски, ги демантираа опозициските одбинувања за фалсификати и најавија тужба за клевета. Ги отфрлија како лажни наводи со цел дефокус од скандалот за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ за фингирање анкети заради манипулација на јавното мислење.

„Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години“, пишува во демантот.

Во врска со оваа афера, велат, очекуваат Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите.

Претходно СДСМ повторно побара испитување на улогата на претседателот на ДИК Александар Даштевски во целиот случај затоа што во документите, кои ги оспорува ВМРО-ДПМНЕ како фалсификат, го има и името на Даштевски со улога за изборите во врска со неопределени гласачи.

-Соработка при предизборни активности на партија од страна на претседателот на ДИК е неспоива во неговата функција и улогата на државната изборна комисија при спроведување на фер и демократски избори. Ова е потенцијално кривично дело, што се заканува да фрли дамка на почетокот на изборен процес, соопштија од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе