Вести Македонија Топ вести

Тошковски: Ниту еден полициски службеник не смее да биде член на политичка партија

Ниту еден полициски службеник не смее да биде член на политичка партија, порача денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

На прес-конференција по денешната посета на СВР Скопје, тој најави проверка на случајот со фотографии на полициски службеници со политичари во Тетово.

„Не би можел да прокоментирам нешто што не сум го видел. Нареден пат ќе ви дадам одговор на прашањето. Но, во секој случај согласно закон ниту еден полицаец не смее да биде дел од политичка партија“, изјави Тошковски.

Додаде дека ќе провери и дали полицаец има право да се фотографира со политичар за време на кампања.

Тошковски, исто така, посочи дека во Министерството за внатрешни работи се потребни системски и суштински промени. Во однос на убиството на докторот кое се случи неодамна, Тошкоски рече дека моментно нема осомничен и дека не би можел да открие повеќе информации со цел да не ја загрози истрагата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе