Вести Македонија Најважни

Тошковски: МВР ќе го даде максимумот за да гарантира фер и демократски избори

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе го даде максимумот во следниот период, за државата да гарантира фер и демократски избори. Министерот Тошковски уверува дека службите се подготвени и се разгледуваат сите активности на оперативниот штаб.

Но, дилемите на министерот останаа, а од Владата иако му ветиле, не му испратиле правно објаснување – зошто бил поставен началник на Секторот за внатрешни работи Тетово пред Тошковски да стапи на функцијата.

Тоа што го говорев од аспект на загриженост се однесува на Владата, на нејзиното незаконито однесување и на тоа што сите го знаеме – дека Владата оценила дека само СВР Тетово не треба да има соодветен легитимитет којшто би требало да ја пренасочи одговорноста од аспект на гаранција за спроведување на фер и демократски избори, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Во насока на изборите, управните служби на МВР викендов ќе фотографираат млади лица коишто немаат документи, се со цел да можат да го остварат своето избирачко право. Предност ќе се даде на лицата кои немаат патна исправа, а сакаат да обезбедат лична карта, информира министерот.

Секој еден од нашите млади граѓани коишто наполниле 18 години или ќе наполнат во овој временски период, ќе може да дојде за да се фотографира за да обезбеди лична карта којашто ќе биде обезбедена за разумен временски период, за да може да се легитимира во рамки на избирачките места и да си го оствари своето право на глас, додаде Тошковски. 

За ова реагираше дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев. Тој на социјалните мрежи напиша дека тој модел на фотографирање постоеше од октомври и тоа без возрасна ограниченост.

Проектите кои биле успешни ги укинуваат, па сега пак ги враќаат некако модифицирано назад, со цел да прикажат дека нешто сработиле и направиле некаква измена, рече Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Министерот Тошковски денеска беше во посета на СВР Скопје. Во пресрет на изборите, тој бил информиран дека безбедносната состојба на територија на Скопје, но и целата територија на државата е стабилна.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе