Вести Македонија Топ вести

Над 200 лекари годишно заминуваат од Македонија – причини се ниските плати и лошите услови

За три децении тројно е намален бројот на доктори. Ако во почетокот на 90-тите имало 18 илјади, сега има 6 илјади. Тоа се должи на одливот на здравствени работници, каде според проценките годишно си заминуваат 200 до 250 лекари. Според претседателот на Македонското лекарско друштво подобри услови се клучот за задржување на докторите во државата.

„Од јавното здравство 200 до 250 лекари годишно заминуваат во странство. Потребно е да се направи добра регионализација, да се обезбедат подобри услови за специјализација, за напредување, за брзо вработување и да имаат стипендии  додека учат“, изјави д-р Горан Димитров, македонско лекарско друштво.

Заменик министерката за здравство пак смета дека проблемот со иселување е на глобално ниво. Но, сепак за подобрување на состојбата кај нас вели дека примарен услов е зголемување на платите и подобрување на условите.

„ Зголемување на бројот на специјализации на нашите млади лекари. Вложување во инфраструктура во јавните здравствени установи. Освен во инфраструктура вложување и во најмодерна опрема којашто овозможува светските методи кои што се работат некаде во светот да се работат и во нашата држава. Сите тие работи собрани заедно да бидат мотив за останување на здравствените работници во нашата земја“, изјави Д-р Маја Манолева, заменик министер за здравство.

Покрај оние кои масовно се иселуваат, во Македонија има и млади луѓе кои се со големи амбиции за иднина овде. Таков е Леонид Караџинов, кој изминатата година беше најдобриот студент на Медицинскиот факултет. Тој сега работи во Итната медицинска помош, каде треба да биде половина година за да добие можност за специјализација.

„Клучно е да имаме сигурност и да знаеме дека зад нас стои некоја безбедност во однос на некои незгодни ситуации со пациентите. Но, особено финансиската сигурност е многу важна“, вели Леонид Рене Томас Караџинов, првенец на Медицинскиот факултет во 2023 година.

Денеска се одбележа Светскиот ден на здравјето со порака до сите оние кои учат за здравствени работници да останат во државата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе