Вести Македонија

Отворени се телефонските линии: Пријави повреда на своето право на гласање

Граѓаните сите неправилности ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на  деновите наменети за гласање, 24 април и 8 мај оваа година.

Од канцеларијата на Народниот правобранител, известуваат дека од на денот на започнувањето на кампањата за Претседателските избори, па се до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, а веднаш по пријавите на граѓаните ќе се интервенира.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес, но и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните, се наведува во соопштението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе