Вести Македонија Топ вести

„Феникс“ влезе во судница, но сè уште се кројат листите на сведоци и се разменуваат докази меѓу обвинителството и одбраната

Поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, неговите брат и мајка, уште двајца други обвинети за перење пари, како и претставници на пет фирми, седнаа во судница за предметот „Феникс“ поврзан со 11 споменици од „Скопје 2014“.

Но, главната расправа за предметот треба да почне на крајот на април. На денешното подготвително рочиште, обвинителот и адвокатите се произнесуваа за доказите и сведоците.

Никола Груевски, Зоран Ставревски, Елизабета Канчевска Милевска, Владимир Тодоровиќ, Виолета Аларова, поранешните функционери кои беа осомничени во истрагата за „Скопје 2014“, но не влегоа во обвинението поради измените на Кривичниот законик (КЗ) и застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ – сега се најдоа на една од листите на предложени сведоци на одбраната.

Одбраната предлага и други звучни имиња за сведоци од автори уметници до поранешни функционери, но и италијански државјани поврзани со леарницата што ги правела спомениците. Обвинителот Љубомир Лапе има пократка листа на сведоци.

Иако на следното рочиште, во воведните говори обвинителот и одбраната ќе ги вкрстат теориите за овој случај, уште на денешното рочиште можеше да се забележи дека ставот на дел од одбраната е тоа дека ова обвинение не може да опстои без делото од кое потекнуваат парите, односно т.н. предикативно дело во случајов злоупотребата која застаре.

Адвокатите не дадоа изјава. Ставот на обвинителстовто е дека тоа не е пречка, а потврда дали советот во кривичен суд кој го потврдил ваквото обвинение за Феникс.

Според обвинителот, во овој предмет има над 6 милиони евра имотна корист, а приносите од кривичното дело „перење пари“ се далеку повисоки. На барање на обвинителството, замрзнат е имот поврзан со обвинетите, а има и други времени мерки. Меѓу нив се и неколку фирми и хотелот „Солун“ во центарот во Скопје.

Денеска во судницата одбраната објаснуваше дека ако не се тргнат времените мерки од фирмите тие ќе престанат да постојат, затоа што имаат кредити и други трошоци и во секеој случај нема да му бидат од корист за покривање на штетите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе