Вести Македонија Топ вести

Агелер: Будно ги следиме изборите, но и дали има мешање од странство, служејќи овде, научив дека се е можно

Северна Македонија е во Европа. Треба да биде во Европската Унија (ЕУ). Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите.

Агелер во интервју за „Клик Плус“ на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство.

„Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме се. Постои интересна динамика помеѓу партиите меѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно, но следиме и дали има мешање од странство“, вели Агелер.

Одговарајќи на прашање дека во последно време се почесто се слуша од политичките партии на Албанците прво уставни измени, па потоа формирање на Влада, Агелер вели дека слушнала неколку опции за тоа како би било возможно.

„Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно.  Верувам! Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка Влада. Една од работите кои јас ги научив, служејќи овде е дека сè е возможно“, рече американската амбасадорка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе