Вести Македонија Топ вести

Почна полагањето на приемниот испит за Aкадемијата за судии и јавни обвинители- не се открива дали има решение за “веселата математика” со бодовите за практичниот испит

Почна полагањето на приемниот испит за влез во академијата за судии и јавни обвинители, а во јавноста не се открива како ќе се надмине неспроведливата законска одредба со бодовите на практичниот тест.

Од министерстовто за правда не откриваат дали на повидок има решение за веселата математика во законот за академија за судии и јавни обвинители во кој  збирот на устниот и писмениот дел што еден кандидат може да ги добие на парктичниот испит е 105, а во истиот законот пишува- најмногу 100 бода. Двајца адвокати го осприја законот и пред Уставениот суд но според информациите од таму за сега нема најава кога ќе биде ставен на седница.

Од денеска кандидатите за 9тата генерација го полагаат квалификацискиот тест за влез во Акадeмеијата. Следен е практичниот испит кој е планирано да се на полага од 18ти април. Од академијата не одговорија на прашањето на Телма како ќе се пресметуваат бодовите .

Ова е еден од аспектите што го спорат и од опзициската ВМРО ДПМНЕ  кои денеска освен  Законот за Академија го проблематизираа и тоа што полагањето на приемниот испит се спроведува во предизборие. Неодамна поднесоа и претставка до антикорупцсика за прекршување на членот 8 -а од Изборниот законик кој забранува вработувања по распишување на изборите

 

Апелираме до ДКСК да го спречат ова прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, бидејќи решавањето на овој предмет ќе биде и тест за интегритетот на Антикорупциската комисија која има должност да го заштити изборниот законик. Дополнително, ќе се остави време да се исправи актуелната состојба, наместо електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест. Тоа сега значи човечко влијание, можност за манипулации- Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Претседателката на ДКСК во емисијата ТОП Тема на Телма во петокот потврди дека се уште работат на овој и други 22 предмета поврзани со прекршувања на изборниот законик и најави дека за дел ќе бидат донесени одлуки неделава на седницата што треба да се одржи седница пред старт на кампањата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе