Дваесет годишната студентка од Албанија, која беше пријавена за исчезната во скопската населба Илинден, е пронајдена во близина на хотелот „Белви“ и се наоѓа во добра здравствена состојба, напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Фејсбук.
„Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија, ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот, лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето“, стои во постот на Тошковски на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.