Вести Македонија Топ вести

Часовниците во 2 часот по полноќ ќе одат час понапред – ноќеска почнува летното сметање на времето

Ноќеска започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час понапред и времето ќе се смета како 3 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, тогаш времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви.

Имаше и дебати за потребата за укинување на оваа мерка, но земјите-членки на Европската Унија не постигнаа договор за трајна имплементација на зимско или летно сметање на времето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе