Вести Економија

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.5 милијарди евра

Нето надворешниот долг на земјава на крајот на минатата година изнесувал речиси 4,5 милијарди евра или 32,6 проценти од проценетиот БДП, објави Народната банка.

Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 отсто.

Бруто надворешните побарувања се зголемија за 81 милион евра и изнесуваат 7.4 милијарди евра.

Во текот на четвртиот квартал од минатата година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.5 милијарди евра, односно 62,2 проценти од проценетиот БДП за 2023 година.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе