Вести Македонија

Левица ги потврди имињата на носителите на кандидатските листи за пратеници

Неколку дена откако дел од општинските ограноци на Левица ги објавија имињата на носителите на кандидатските листи за пратеници во шесте изборни единици, партијата денеска и официјално ги потврди.

Во денешната објава на официјалната фејсбук-страница на Левица, меѓу другото, се посочува дека партијата ги има единствените кандидати, од севкупниот избор, кои немаат нанесено штета на државата.

„Еднаш засекогаш ќе ги предизвикаме политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политиката моќ во рацете на работничката класа! Нашите носители и идни пратеници ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници“, се вели во статусот објавен на „Фејсбук“.

Носител на листата во првата изборна единица ќе биде партискиот лидер и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Апасиев.

Пратеничката листа во втората изборна единица ќе ја предводи Амар Мециновиќ – портпарол на Левица, член на Президиумот на партијата и актуелен советник во Град Скопје.

Актуелниот пратеник Борислав Крмов, кој е и член на Президиумот на Левица, ќе биде носител на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица.

Носител на листата во изборната единица 4 ќе биде Сашко Јанчев – член на Централниот комитет на Левица и актуелен член на Советот на Општина Гевгелија.

Кандидатската листа за пратеници во „петката“ ќе ја предводи партиската генерална секретарка Јована Мојсоска.

Носител во шестата изборна единица, пак, ќе биде Игор Димески, раководител на партискиот сектор за енергетика и актуелен советник во Општина Центар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе