Кошарка Спорт

Продолжи победничката низа Бостон, Лејкерс подобри од Филаделфија (ВИДЕО)

Најдобриот тим во НБА-лигата Бостон немаше проблеми да слави против Детроит и тоа на гостински терен со 129-102. За Селтикс тоа беше осма победа по ред,  најдобар беше Џејлен Браун со 33 поени, додека Џејсон Тејтум не беше во составот.

Лос Анџелес лејкерс ја победи Филаделфија со 101-94 во натпревар во кој сите од првата петорка имаа двоцифрен ефект во нападот. Најдобар беше Ентони Дејвис со 23 поени и 19 скока, додека Леброн Џејмс постигна 20. Дианџело Расел постигна четири тројки и со тоа го сруши рекордот за најмногу тројки во една сезона во историјата на Лејкерс со 185.

Оклахома со победата од 103-123 кај Торонто го запиша четвртиот триумф во низа и се врати на првото место на Западната конференција. Минесота беше подобра од Кливленд со 104-91, Голден Стејт пред своите гледачи загуби од Индијана со 111-123, а победи остварија и ЛА Клиперс, Мемфис и Њу Орлеанс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Кларк победник на Отвореното тениско првенство на Македонија

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Тетекс се врати меѓу второлигашите, драмата во Ѓорче решена на пенали

Дејан Дејан

Анчелоти и Модриќ се простија од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе