Кошарка Спорт

Пелистер остана без плејоф во АБА 2 по поразот од лидерот Спартак Суботица

Кошаркарите на Пелистер нема да играат во плејофот во АБА2-лигата откако денеска загубија од првопласираната Суботица во рамки на последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната. Битолчани немаа сили да направат изненадување, а се чини плејофот го испуштија со поразот во претходното коло од Подгорица.

Пелистер загуби со 88-81, а се чини дека Спартак Суботица го реши натпреварот во вториот перид што го доби со убедливи 29-15. Противникот го контролираше натпреварот резултатски, а македонскиот тим успеа само да го ублажи поразот во финишот. Спартак со оваа победа го осигура првото место на табелата и ќе има најповолна позиција во разигрувањето, додека Пелистер е надвор од најдобрите осум тимови.

Андреј Магдевски со 24 поени и Јуре Планиниќ со 17 поени и 14 скока беа најдобри во составот на тренерот Дарко Радуловиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Работнички со пресврт до победа против Пелистер

Дејан Дејан

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе