Вести Македонија

ОЈО Битола со наредба за истрага за осомничено лице кое продавало дрога на малолетници

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти денеска Обвинителството.

Осомничениот продавал наркотична дрога – марихуана на зависници во Битола, при што во два наврати му продал марихуана на дете кое не наполнило 14 години. При личен претрес на осомничениот на 20 март полицијата кај него пронашла 10,75 грама марихуана во две пакувања, се наведува во соопштението.

Јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи за тоа постојат сите законски основи. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе