Вести Македонија

Среќата е концепт на едно лично доживување на емоционална исполнетост, радост и задоволство – Ристески во „Вин-Вин“

Среќата е концепт на едно лично доживување на емоционална исполнетост, радост и задоволство и една целосна благосостојба. Не е само отсуство на негативни емоции или отсуство на болест, туку е еден, баш, сеопфатен концепт, вели д-р Александар Ристески ид Клиниката за психијатрија во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

Извештајот за индексот на среќа на Обединетите Нации, според него, дава некоја квантификација на личното чувство, меѓутоа постфестум се прават анализи и споредби со другите држави.

„Ние во тие прашалници се оценуваме сами себе, нашето лично чувство на среќа во однос на нашите квалитети и другите социјални елементи во државата во која живееме“, вели Ристевски.

Тој истакна дека на листата нема залутани земји. Напротив, нагласи тој, има и посиромашни земји кои се пред нашата, а луѓето во нив се посреќни.

„Можеби се задоволуваат со помалку, но има многу културолошки разлики – влијание на религија, влијание на семејство. Има земји во кои три генерациски семејства со живеат и функционираат уредно и тие имаат некоја социјална мрежа која што во даден момент, кога на некој член од семејството му е потребно, делува многу протективно и заштитувачки. Тие кога си живеат заедно се среќни и со помалку пари“, посочи Ристески.

Тој за пример се насочи кон земји од Централна Америка кои, како што рече, „можеби се посиромашни од Македонија, но луѓето во нив се посреќни.

„Од таму се еден куп земји на листата пред нашата. Луѓе што одат таму, кога ќе се вратат кажуваат дека луѓето се насмеани и се задоволни со помалку. Помалку материјално, секако, меѓутоа среќата ја наоѓаат во малите нешта, во личната комуникација, во квалитет на храна. И убавото време е доволно да им влијае позитивно. Ние веројатно имаме малку поголеми очекувања или се малку трауматизирани од овие години“, смета Ристески.

Македонија е на 84-то место во Извештајот за Индекс на среќа на Обединетите нации, додека младите под 30 години во земјава сè нешто посреќни и се наоѓаат на 67-то место. Финска останува најсреќна земја во светот и седма година во низа е на првото место.

Светскиот извештај за среќа е Индекс за среќа што ја објавува Мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации секоја година од 2012 година. Се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци.

Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе