Единствен начин за контрола на лајшманиозата е одговорно сопствеништво, зборувам за домашните миленици кои имаат свои сопственици кои се навистина одговорни и не ги пуштаат на улица кога ќе им мине ќеифот или одвојување на поголеми средства на општините и Град Скопје за тие животни да не шират болест и меѓу кучињата и, пред се, луѓето, изјави Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Да се обезбеди доволен капацитет во самите прифатилишта, да им се обезбеди благосостојба. Јас не знам за излечено животно од лајшманиоза“, истакна Бабовски.
Тој рече дека терапијата кај домашните е само симптоматска и ветеринарите во државата користат терапија од хуманата медицина.