Вести Македонија

Тилев во „Топ тема“: Механизмот за проверка на странски директни инвестиции во ЕУ влезе во сила во 2020 година, доби на острина по руската агресија врз Украина

Земјите членки на Европската Унија имаат обврска да имаат координативен механизам и кога говориме за нив говориме за регулативата за механизам за координација за проверка на странските директни инвестиции, посочи Драган Тилев, државен советник за европски политики, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Кипар сè уште нема, меѓутоа нивниот закон е во завршна фаза. Од сите 27 членки, Бугарија во декември имаше прво читање, во јануари второ читање и нивниот закон е усвоен и тој веќе ќе почне да се применува. Што значи дека Бугарија беше една од членките кои немаше таков механизам, меѓутоа сега го има. Остана уште Кипар за да го додефинира својот механизам. Други земји имаат. Некои имаат механизам уште пред да постои регулативата на Европската Унија за координирање во тој дел, во проверката на странските директни инвестиции, некои, пак, ги воспоставија тие механизми откако регулативата влезе во сила“, објасни Тилев.

Регулативата во рамки на Европската Унија е воведена во 2019 година, а влезе во сила во 2020 година, пред ковид кризата, истакна Тилев.

„И тогаш се покажа за многу потребно таква регулатива, односно таков механизам за проверка на странските директни инвестиции да се воспостави во рамките на ЕУ. Тоа уште повеќе доби на острина, на моќ со агресијата на Русија врз Украина, кога се прекинаа економските конекции, пред сè инвестиите меѓу Истокот и Западот. Тука веќе не станува збор само за Русија, туку и за Белорусија, и не станува збор само за тие две држави, туку и за земји кои што имаат државно управување, а тоа е Кина. Таа регулатива, кога влезе во сила во 2020 година, имаше една основа, по 2022 година има потполно нова основа во ЕУ која што е исклучително важна, се повеќе добива на значење и се вмрежува и со други области. Ако порано зборевме само за проверка на странските директни инвестиции, од каде доаѓаат и како влегуваат парите, сега имаме практично мрежа за безбедност и обезбедување на јавниот ред и мир“, истакна Тилев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе