Вести Свет Топ вести

Ватикан: Белото знаме е метафора, Папата не ја повикува Украина да се предаде

Од Канцеларијата за медиуми во Ватикан изјавија дека папата Франциск во интервју за швајцарскиот јавен сервис РСИ не побарал од Украина да се предаде, туку да преговара за прекин на огнот.

Поглаварот на Римокатоличката црква ја искористил метафората на „бело знаме“ за да укаже на важноста од прекин на непријателствата, примирје постигнато преку храброста на преговорите.

Според Папата, процесот е можен со поддршка на меѓународните сили. Киев му одговори: Украина никогаш нема да крене бело знаме.

„Зборот „преговара“ е храбар збор. Ако гледате дека сте поразени, треба да имате храброст да преговарате. Се срамите, но ако продолжите вака, колку жртви ќе има? Ќе станува уште полошо. Преговарајте со време, барајте земја која ќе посредува. Денес, на пример, во војната во Украина, има многу кои сакаат да посредуваат. Турција се понуди за ова. А и други. Не срамете се да преговарате пред работите да станат уште полоши“, изјави Папата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

Дејан Дејан

11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп

Дејан Дејан

Годишно околу 170 нови случаи на рак на грлото на матката во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе