Вести Македонија Топ вести

Министерот за здравство Демири ги потпиша препораките од КБЗ

Министерот за здравство Илир Демири ги потпиша препораките од Комисијата за заразни болести (КБЗ) за спречување на ширењето на големата кашлица. Ваквата одлука ќе се применува сметано од  14.03.2024 година.

Со ова, се наложуваат следните мерки за превенција, сузбивање и спречување:

„Се забранува прием и престој во детски градинки на територијата на Република Северна Македонија, на невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцина согласно возраста во Календарот за имунизација“.

„Се задолжува Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведува вонреден инспекциски надзор во детските градинки на територијата на Република Северна Македонија и да го контролира спроведувањето на мерката од точка 1, алинеја 1 од оваа одлука“.

Оваа одлука влегува на сила со денот на нејзиното донесување, а ќе се применува сметано од 14.03.2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе