Вести Македонија Топ вести

Тошковски: Несериозна е изјавата на премиерот Џафери, граѓаните немаат 50 дена за менување на документите

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја оцени како несериозна изјавата на премиерот Талат Џафери дека граѓаните имале доволно време да поднесат барања и да се опремат со лични документи до изборите на пролет.

„Немаме педесет дена до избори“, вели Тошковски, „затоа што избирачкиот список се затвора многу порано“.

„Не е лошо премиерот Џафери ако е толку многу амбициозен дека може да се заврши сето ова, заедно со министерот за надворешни зашто го видов министерот за надворешни многу пати како активно е загрижен за целиот овој проблем, да дојдат во МВР, ќе им обезбедам посебни кабини за да можат да помогнат во процесот за фотографирање“, изјави Тошковски.

Во однос на обрасците за печатење на пасошите, од МВР информираат дека има доволно за да се опслужуваат граѓаните до првата половина на мај.

„Во месец март само во Скопје ќе бидат фотографирани над сто илјади граѓани“, уверува министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе