Вести Македонија

Со рент-а-кар стигнав на конгресот, министерот Николовски со ФБ демант до Телма

Неколку часа по објавените информации за неговото пристигнување на Конгресот на СДСМ и прашањето на Телма за автомобилот пасат со кој дојде, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пост на Фејсбук, со наслов “Демант за невистините изнесени против мене!”

Во продолжение ФБ објавата на Николовски: Во врска со објавите на ТВ Телма дека на партискиот Конгрес сум пристигнал со службено возило, одговорно тврдам дека посоченото возило не е службено возило во сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ниту на Службата за општи и заеднички работи на Владата, туку дека станува збор за рент а кар возило.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навремено, уште пред истекот на законски рок од Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ја има исполнето својата обврска и до Државната комисија за спречување на корупцијата има доставено податоци за бројот, видот, регистарските таблички на сите моторни возила со кои располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Токму на мој предлог, како вицепремиер во Владата, беше донесена одлука за начинот на користење на службените возила, чија цел е да се спречи злоупотребата, а службените возила да се користат наменски за извршување на работни активности.

Секогаш сум на страната на вистината, и во интерес на точно информирање на јавноста.

Николовски реагира на информацијата во која тој е прашан и одговара наведувајќи дека е лага без да спомне рент-а-кар и бара броеви на таблички и други податоци од новинарите кои го прашуваат.

Дополнително, во базата на регистарот на службени возила и натаму ги нема оние кои се пријавени од Министерството за земјоделатво, шумарство и водостопанство.

ВИДЕО: Дојде со црн пасат на партиски Конгрес, министерот Николовски тврди: лага е дека е службено возило

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе