Вести Македонија Топ вести

Плус 78% повторно пред Уставен – Судски совет ќе бара поништување на законите со кои се „избегна” покачување на судските плати

Во салата на Уставниот суд повторно ќе се бие битка за функционерските плати. Овојпат само за судските, откако Собранието изгласа законски измени со кои е спречено ново мартовско покачување на овие категории на плати.

Судскиот совет претпладнево објави дека поднесува иницијатива до Уставниот суд за да оцени два закона кои се однесуваат на платите на судиите и членовите на Судскиот совет. Двата закона се дел од пакетот закони кои Собранието ги донесе на крајот на февруари, за да спречи ново големо покачување на платите на функционерите, судиите и обвинителите.

Судски совет реагира, откако имаше забелешка дека со носење на закони во итна постапка без расправа се „удира” врз судската независност.

„Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија, како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт, поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Судски совет. 

Иницијативата на Судскиот совет се однесува само на законите за судиските плати, а не и на останатите закони за ограничување на функционерските и обвинителските плати.

Платите на функционерите, судиите и обвинителите беа покачени за 78% лани во март со одлука на Уставниот суд кој укина законска одредба која го ограничуваше растот на овие плати. Одлуката на Уставниот суд предизвика големи критики и осуди во јавноста, синдикални протести и јавно барање тие да се вратат на старото ниво. По иницијатива на пратениците на СДСМ, Собранието одлучи да ги измени 6-те закони со што е спречено ново покачување, но не и поништување на старото, на два и пол месеци пред избори односно 11 месеци по зголемувањето од 78%.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Дејан Дејан

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе