Вести Македонија

Втор ден за собирање потписи за кандидирање претседател

Согласно Роковникот на ДИК, продолжува собирањето потписи за кандидирање за претседател. Од вчера, потписи собираат 11 потенцијални кандидати: Вело Марковски, Билјана Ванковска, Стевчо Јакимовски, Томе Николоски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски, Ѓорѓи Манасков, Арбен Таравари, Мерсиха Смаиловиќ и Зорица Цветковска. До 8-ми март, тие треба да соберат 10 илјади потписи од граѓаните со право на глас. Според претседателот на ДИК; Александар Даштевски, до Комисијата не се пристигнати забелешки за несоодветни услови во 34-те подрачни одделенија. Двете најголеми партии, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ немаат потреба да собираат потписи за своите кандидати бидејќи предлогот може да го поднесат и 30 пратеници. Но, доколку сакаат, може и да собираат потписи. Тоа би почнало откако наредниот викенд двете партии ќе одржат конгреси и ќе ги утврдат за кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе